Првата формална средба на Трамп и Путин се случи во Хамбург, Германија, во 2017 година на самиотот на Г20. Наредната, 2018 година, се случи најважната средба на двајцата претседатели во Хелсинки, Финска

Мајк Волц, кој најверојатно ќе биде советник за национална безбедност во новиот состав на следниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека во блиска иднина очекува разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
„Очекувам разговор меѓу Трамп и Путин во наредните денови и недели“,
изјави Волц во гостување на каналот Еј-би-си.
Во тек се подготовки за состанокот, напомена Волц.
За време на предизборието, Доналд Трамп неколку пати потенцира дека веднаш штом ќе започне со работа во Белата куќа, има идеја како да ја стопира војната во Украина.
Средба помеѓу Трамп и Путин не беше реткост во минатото. Првата формална средба се случи во Хамбург, Германија, во 2017 година на самиотот на Г20. Наредната година беше најважната средба на двајцата претседатели во Хелсинки, Финска.
На самитот Г20 во Осака, Јапонија, тие имаа кратка средба, а потоа и неформални разговори.
Инаку Швајцарија изрази подготвеност да биде домаќин на средба на највисоко ниво помеѓу Трамп и Путин.
Швајцарското министерство за надворешни работи посакува на Самитот за глобален мир во јуни да се одвиваат разговори со нивно посредништво помеѓу Украина, Русија и САД.