СДСМ преку партиско соопштение вели дека дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е кадар на Никола Груевски и остаток на режимот кој со години ги понижувал и манипулирал земјоделците.
Според социјалдемократите и во новата 2020 година, ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Сметаат дека опозициската партија останува верна на режимот, целосно раководена од Будимпешта.
Со години Трипуновски беше дел и ги поддржуваше погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството, преку кои беше погазуван трудот на земјоделците. И по заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ, Трипуновски продолжи надвор од Законот да манипилира со земјоделците, за што му беше доделен отказ од позицијата Државен советник во МЗШВ. Кадарот на Груевски, Цветан Трипуновски беше меѓу главните организатори на партиските собири на ВМРО-ДПМНЕ кои лажно беа претставувани како протест на незадоволни земјоделци, иако на нив недостасуваа вистински земјоделци, а присуствуваа само членови и активисти на опозициската партија.
велат од СДСМ.
Од владејачката партија велат дека против Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност со што го оштетил министерството за 117.000 евра.
Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ВМРО-ДПМНЕ и доказ дека во оваа партија ништо не се менува. Тоа е истата матрица на Груевски, матрица која не носи ништо добро за граѓаните, а нуди само деструкција, блокади, лажни вести и обнова на режимот.
сметаат од СДСМ.
На ова соопштение реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека СДСМ за три години ги понижи земјоделците и ги доведе до раб на преживување. Затоа сега СДСМ е во паника поради погрешните политики во земјоделието кои ги водеше изминатите три години, реагира опозициската партија.
За катастрофалната политика на СДСМ во земјоделието говори и фактот дека овие три години сведоци сме на чести протести на земјоделците кои едвај врзуваат крај со крај и не можат да ги издржуваат своите семејства. Токму тоа е причината поради која СДСМ се исплашени затоа што на виделина ќе излезат сите нивни матни и криминални зделки во земјоделието поради кои земјоделците се на работ на егзистенцијата.
реагирааат од ВМРО-ДПМНЕ.