Продолжуваат префрлувањата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР
Од владејачкиот СДСМ попладнево повторно ја обвинија опозициската партијата ВМРО-ДПМНЕ и портпаролот Наум Стоилковски за шовинизам во врска со врабнотувањето на Бесмира Ејупи во МНР.
„Во континутитет граѓаните гледаат една висока доза на шовизам манифестирана од Наум Стоилковски и ВМРО-ДПМНЕ, особено насочена кон женскиот пол. Тоа воопшто не говори добро ниту за Стоилковски ниту за неговата ВМРО-ДПМНЕ. За личноста за којашто повторно зборува токму Стоилковски лажеше дека била назначена за конзул, па излезе дека тоа не е точно“,
велат во соопштението од СДСМ и додаваат дека прашањето на кое Стоилковски треба да одговори е дали истата личност подолго време била вработена во општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ?
„Кои се мотивите за ваков тип на напади од страна на Стоилковски останува граѓаните да оценат. Јавноста знае дека токму Стоилковски се има извинето за неговите сексистички ставови и навреди кон жените“,
велат од СДСМ.
Претходно денеска, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, премиерот Димитар Ковачевски не даде конкретен одговор дали несудената конзулка во Њујорк, Бесмира Ејупи, е вработена во Министерството за надворешни работи, а ја обвини опозицијата за шовинизам врз жените.
Со шовинистичката одбрана Ковачевски повторно не објасни како и зошто Бесмира Ејупи е вработена во МНР и како била ангажирана од повеќе институции во исто време, реагираше на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
