За оваа позиција не е распишан јавен оглас, а воедно Илиевски не доаѓа од редовите на вработените со што се прекршува членот 50 од Законот за јавни установи и членот 34 од Законот за култура, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека од тоа што е приложено во биографијата на новиот в.д директор Илиевски, јасно се гледа дека тој нема никаква поврзаност ниту пак искуство со слична дејност и бараат градоначалничката Арсовска да се изјасне во јавноста за неговото назначување, бидејќи како што велат Зоолошката градина, покрај рекреативна има и едукативна улога.
„Ако се случило такво назначување, тоа е спротивно и на членот 30 од Статутот на Зоолошката градина каде што јасно се наведува дека вршител на должност директор се избира од редот на вработените. Данела Арсовска и градската администрација мора да одговорат, дали Илиевски е назначен согласно законите и Статутот на Градината? Истовремено, од она што е јавно приложено како биографија на Илиевски се гледа дека тој нема никаква поврзаност, ниту пак искуство со слична дејност, па оттаму, прашуваме по кои критериуми е избран токму тој за директор“,
вели Никола Белимов, член на Градската организација на СДСМ.