Опозицијата реагира на одредни ставки во предлог-буџетот во делот на набавките.

„Власта вели дека нема пари за поголеми плати за работниците, власта на ДПМНЕ и Мицкоски во Буџетот ги зголемува парите за купување мебел дури за пет пати. Во друга ставка, власта ги зголемува парите и за службени возила на владините функционери за дури 75%. За расипничката власт на Мицкоски граѓаните не се приоритет, нема пари за поголеми плати на работниците, нема повеќе пари за стандардот на граѓаните, нема повеќе пари за здравство, образование, социјала. Додека трупа огромни долгови врз грбот на граѓаните и го зголемува јавниот долг за историски најголеми 70%“,
пишува во соопштението на СДСМ.
Според социјалдемократите, единствен фокус на новата влада се луксузирањата, а буџетот, како што велат од опозицијата, не нуди ниту раст, ниту економски развој.
