Продолжуваат интензивните консултации и работа на ниво на генерални секретари, за коалициски договор помеѓу СДСМ и Коалицијата “Можеме” и ДУИ, соопштуваат социјалдемократите.
„По утврдувањето на коалициски принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада. Исто така, денес започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат“,
се вели во соопштението испратено до медиумите.