Владејачката партија реагира откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не се појавил на денешната партиска трибина насловена „Заштита на националните и државни интереси наместо пазар дипломатија“, која се одржува неколку дена по првата посета на новиот бугарски премиер на Скопје
Што крие Христијан МИцкоски од средбата со Кирил Петков, прашуваат денеска од СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не се појавил на партиската трибина насловена „Заштита на националните и државни интереси наместо пазар дипломатија“, која се одржува неколку дена по првата посета на новиот бугарски премиер на Скопје.
„Наместо лажни конструкции и рециклирани обвининувањa, јавноста денеска очекуваше на трибината на ВМРО-ДПМНЕ да се појави Христијан Мицкоски и да одговори на прашањата за кои молчи со денови. Дали Мицкоски на бугарскиот премиер Кирил Петков му ги постави прашањата кои ги нарачуваше од медиумите? Што кријат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од средбата со Петков? За што се зборувале на таа средба“,
се наведува во соопштение од СДСМ.
Од владејачката партијат комнтираат и дека „граѓаните видоа и претходно, на средба на Мицкоски со Бојко Борисов, дека тој ги менува ставовите, кога се среќава со официјални претставници“.
„Дали така било и на средбата со Петков, треба да каже самиот Мицкоски“,
велат од СДСМ.