СДСМ тврди дека од десетиците што учествувале во нападот, веќе се познати барем двајца
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, континуирано повторуваат дека луѓето за кои СДСМ вели дека се млади активисти на партијата и ги ословува како „децата“, се всушност условно осудени за насилство и за трговија со дрога
СДСМ обвинува дека Јавното обвинителство молчи, иако се познати дел од, како што велат тие, насилниците кои ги нападнале нивните млад активисти во Ново Село.
„Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание – не мора да чека никого да поднесе пријава. Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња. А, Обвинителството – молчи. Државниот јавен обвинител Савески е на „екскурзија“. Тој и онака ретко се јавува кога народот бара правда. Се јавува само кога ќе го повика Мицкоски – преку медиуми, од собраниска говорница или директно по телефон“,
на денешната прес-конфернеција Кети Штерјов од СДСМ.
СДСМ тврди дека од десетиците што учествувале во нападот, веќе се познати барем двајца.
„Петар Марков – пратеник на ВМРО и Наско Димитриев – член на ВМРО и возач на градоначалникот. Едниот е пратеник. Другиот е човек близок до локалната власт на ВМРО. А Обвинителството сè уште ‘не знае’ кој ги нападна младите. Ова е свесно одбивање да се заштитат граѓаните кога насилниците се од владејачката структура“,
велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, континуирано повторуваат дека луѓето за кои СДСМ вели дека се млади активисти на партијата и ги ословува како „децата“, се всушност условно осудени за насилство и за трговија со дрога.
