Наспроти опозициските барања попишувањето да се одложи за следната година, од владејачката партија велат дека нема отстапување од законски зацраниот термин
Катастрофално и ужасно е ВМРО-ДПМНЕ наутро да се радува што има заболени пратеници од коронавирусот, а попладне да глуми загриженост за јавното здравје, реагираа денеска од СДСМ, по изјавата на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ дека е лицемерно владејачката партија преку ден да најавува попис, попладне да ажурира членство, а за навечер да најавува полициски час.
„Цели 19 години државата нема спроведено попис, како најважна политичка операција, и тоа токму поради ВМРО-ДПМНЕ, која потроши народни пари и го прекина пописот во 2011 заради партиски калкулации.Пописот ќе се одржи оваа пролет, државата конечно ќе добие целосни, прецизни и релевантни податоци за натамошен развој. Државата, институциите покажаа капацитет во организирање изборни процеси кои се целосно безбедни по здравјето. Така ќе биде и со пописот. Веќе се донесени протоколите, здравјето и на попишувачите и на граѓаните ќе биде целосно заштитено додека трае оваа најважна статистичка операција“,
се наведува во реакцијата на СДСМ.
Ѓорчев, пак, и денеска ја оцени како „катастрофална и ужасна“ одлуката да се оди по секоја цена на, како што рече, политички попис, за Заев за да ги исполни коалициските барања што ги презел за време на формирањето на Влада.
„Тоа е огромен ризик за јавното здравје. Луѓе ќе умираат, луѓе ќе се гушат, луѓе ќе одат по погреби само затоа што Зоран Заев решил да направи попис по секоја цена.азумно е пописот да се одложи една година, затоа што Македонија е земјата која о има најмногу починати по глава на жител во светот и најмалку вакцини во светот. Неодговорно е попишувачите да одат секој ден во стотици и стотици домови, да се шири заразата, а луѓето да умираат“,
изјави Ѓорчев.