Уште едно фијаско на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, во обид да го одбранат криминалот во редовите на нивната партија, велат од владејачката СДСМ како реакција на вечерашните протести на опозицијата.
„Исплашени од одговорност и неселективното владеење на правото Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застанаа зад неправдата и криминалот. Вечерва нервозниот Мицкоски и неговите приврзаници застанаа зад насилниците кои на 27 април се обидоа да убиваат пратеници во Собранието, застанаа зад осудени криминалци и извршители на Никола Груевски, како Гордана Јанкуловска“,
реагираат од СДСМ.
Според нив, ако Мицкоски навистина е за правда и владеење на правото ќе ги повикаше своите соработници против кои се водат предмети и истраги, да се соочат со одговорноста.
„Нема поголемо лицемерие од тоа Мицкоски да зборува за слободата на медиумите кога токму неговата партија апсеше и затвораше новинари, вршеше упади во медиуми и системски корумпираше медиуми. Нема поголемо лицемерие тој да зборува за притисоци врз администрацијата кога токму ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше невидени притисоци врз вработени во јавната администрација“,
велат од СДСМ.
Додаваат дека ВМРО-ДПМНе е симбол на режим, политички терор, реваншизам и „Свраовски“ судство.
„Граѓаните тоа многу добро го знаат и затоа му испорачаа три силни порази на изборите на Мицкоски и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски останува на страната на неправдата и затоа останува во опозиција уште долго време“,
велат од СДСМ.