Христијан Мицкоски денеска самиот призна дека вршел притисок во МВР за случајот со фитнес-салата, реагираат од СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека имал разговор со надлежно лице во МВР за случајот со снимката од фитнес-салата.
„Не само што праќал пораки туку Мицкоски се јавувал на телефон и вршел притисок во внатрешната контрола за неговиот случај. ’Здраво, би сакал да се слушнеме‘ е ново признание за обидите на режимската инсталација на старото МВРО-ВМРО. Но тоа време заврши. Според истото признание на Мицкоски, притисокот е извршен со помош на Наќе Отсјај, што отвора други основи за одговорност. Јавноста очекува истрагата да заврши и да ги даде одговорите“,
велат од СДСМ.
Снимките ги виде цела јавност среде најголемата пандемија, реагираат социјалдемократите и додаваат дека од неа се гледа како Мицкоски си влегува во празна фитнес-сала, придружуван од командантот на единицата „Тигар“, и уште еден полициски службеник.
Снимката со Мицкоски во фитнес-сала се појави на 25 април годинава, но тој тврдеше дека таа е стана најмалку 6 месеци. И министерот Наќе Чулев имаше објава во која посочи бил направен увид во видеонадзорот од фитнес-центарот за периодот од 1 до 27 април и оти ниту лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ниту двајцата припадници на МВР кои се со него ги нема на снимките од тој период. Тој, повикувајќи се на изјави од истрагата, рече дека снимката е од октомври лани.
Од друга страна, пак, СДСМ прашуваше зошто тогаш лицата кои се со Мицкоски носат ракавици и маски.
Пред два дена, пак, дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска на ТВ 24 рече дека Мицкоски се јавувал за да врши притисок да се затвори случајот што побрзо.
*Поврзани вести:
Се појави нова снимка од Мицкоски во теретана, тој тврди дека е стара најмалку 6 месеци
Чулев: Снимката со Мицкоски во теретана е од октомври 2019 г.
Петровска: Нема потреба Мицкоски да врши притисок за случајот со теретаната
