ДУИ денеска и официјално се откажа од концептот едно општество за сите, реагираат од СДСМ во соопштение до јавноста.
„Жалиме што ДУИ се служи со ваква националистичка реторика и ги поткопува придобивките од Охридскиот рамковен договор. Времето за поделби е одамна завршено. За коалицијата ‘Можеме’ и СДСМ одамна не е важно кој на кој етникум припаѓа, туку колку е способен и работи во функција на „едно општество за сите” и сигурна иднина на граѓаните. Како што тргнале ДУИ, до крајот на кампањата ќе си го сменат и името на партијата. Од Демократска унија за интеграција ќе станат Националистички радикали за дезинтеграција. СДСМ останува столбот на стабилноста, на обединувањето, на заедништвото, на напредокот, на иднината“,
се вели во соопштението на СДСМ.
Кандидатот за премиер Албанец, Насер Зибери, денеска пред Владата ги презентираше приоритетите на владината програма на ДУИ.
То,ј меѓудругото, најави мултиетничка химна, задолжително учење на албанскиот јазик и прогласување на 13 август денот на потпишувањето на Охридскиот договор како национален празник.