ВМРО-ДПМНЕ се обидува да побегне од одговорноста за системскиот распад на институциите, додека граѓаните со денови пиеле отровна вода, обвинуваат од локалниот огранок на СДСМ
Општинската организација на СДСМ во Гостивар бара кривична и политичка одговорност од актуелната власт на локално и централно ниво во врска со масовното труење со вода кое погоди над 3 000 граѓани. Овој настан, според Бојан Зафироски од СДСМ, е огромна здравствена катастрофа и најочигледен доказ за целосниот колапс на здравствениот систем и институциите под водство на власта.

Тој вели и оти постојат сериозни пропусти во менаџирањето со кризата, институционален молк и обиди за дефокусирање на јавноста и оти институциите молчеле цели пет дена, иако дневно по 200 граѓани со симптоми на труење барале помош во гостиварската болница. Дополнително, додека граѓаните со денови консумирале отровна вода, надлежниот Центар за јавно здравје неоправдано ја прогласил водата за исправна.
„20 години ВМРО-ОКГ е коалиција со секоја локална власт во Гостивар. Дваесет години нивни луѓе потпишуваат, именуваат, одлучуваат, членуваат по Управни одбори на јавните претпријатија. Центрите за јавно здравје се раководени од исти кадри, избрани од иста гарнитура со вмешани прсти на ВМРО“,
рече тој.
Зафироски вели дека наместо да се лоцира конкретна одговорност, министерот за внатрешни работи држи лекции за процесот на хлорирање, додека министерот за здравство вербално ги напаѓа лекарите кои јавно проговориле за реалната состојба.
„Власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група не може да бегаа од одговорност. Тие денес ја имаат целата моќ и ја носат целата одговорност, и на локално и на државно ниво. Пратеници со години во Собранието, советници од владеачката коалиција, вработени во општината, вработени во водоводот. Дојде време сите да одговараат“,
заклучи Зафировски.
