На платото пред Владата, Санчез ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести. Од неговиот кабинет порачаа дека тој доаѓа во посета на балканските земји за да ги охрабри на патот кон ЕУ и да им каже дека може да сметаат на Шпанија која ќе претседава со Унијата во втората половина на 2023 година

Шпанскиот премиер Педро Санчез Перез-Кастехон денеска попладне треба да пристигне во официјална посета на Северна Македонија во рамки на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.
На платото пред Владата тој ќе биде пречекан со највисоки државни и поени почести, а се очекува да има средби со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски.
Во центарот на Скопје, како што најавија од МВР, поради неговото доаѓање ќе има и посебен сообраќаен режим.
Санчез вчера беше во Србија и во Босна и Херцеговина, а дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан се и Црна Гора и Албанија.
Во пресрет на овие посети од неговиот кабинет соопштија дека Санчез ќе ги охрабри балканските земји да ги спроведат неопходните реформи што ќе им овозможи да го забрзаат приклучување во ЕУ и ќе им ја пренесе дека можат да сметаат на Мадрид за време на шпанското претседателство со Унијата во втората половина на 2023 година.