Од МВР апелираат, особено сега кога се укинаа мерките поврзани со ковид-19 и се организираат матурски прослави и други веселби, да не возат доколку пиеле алкохол
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден казнило 192 возачи за возење под дејство на алкохол и дури 490 возачи за пребрзо возење.
„Најмногу санкции за управување под дејство на алкохол се изречени на територија на СВР Куманово-63, а за возење со поголема брзина од дозволената на територија на СВР Штип-77. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови“,
соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес-конференција во Свети Николе.
Тој упати апел до граѓаните, особено сега кога се укинаа мерките поврзани со ковид-19 и се организираат матурски прослави и други веселби, да не седнуваат зад воланот доколку консумирале алкохол, затоа што тоа може да биде кобно за нив, но и за другите учесници во сообраќајот.
