Активни се пожарите во селото Николиќ во Дојран, како и во Чучер Сандево, каде што гори веќе неколку дена
Од вкупно 28 евидентирани пожари на отворен простор, до седум часот утринава активни се само два, додека четири се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

Оттаму велат дека активни се единствено пожарите во дојранското село Николиќ, каде што гори нискостеблеста шума, и во пределот меѓу селата Горњани и Блаце во општината Чучер Сандево, каде има шумски пожар.
„Под контрола се четири пожарите, и тоа во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Крапа и Локвица, каде гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Македонски Брод во село Слатино каде гори ниска вегетација, во Општина Велес во село Џидимирци каде гори ниска вегетација, како и во Општина Ресен во село Перово, каде гори трска“,
велат од ЦУК.