Официјални лица, како што објави Ројтерс, рекле дека темата на самитот најверојатно ќе биде како Европската Унија може да продолжи да ја поддржува Украина во војната против Русија. Воедно, претседателите на Европската комисија и Советот на ЕУ ќе го проценат патот на Украина кон членство во Унијата
Шефовите на држави и влади на Европската Унија и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе одржат самит на 3 февруари, изјави портпаролот на претседавачот на лидерите на ЕУ, Барен Лејтс, јави Ројтерс.
Локацијата на самитот сè уште не е одредена.
„Можам да потврдам дека самитот ЕУ-Украина ќе се одржи на 3 февруари и има отворена покана до претседателот Зеленски да го посети Брисел“,
вели Лејтс.
Портпаролот рече дека поканата за Зеленски да го посети Брисел не значи дека таму ќе се одржи самитот.
Официјални лица, како што објави Ројтерс, рекле дека темата на самитот најверојатно ќе биде како Европската Унија може да продолжи да ја поддржува Украина во војната против Русија. Воедно, претседателите на Европската комисија и Советот на ЕУ ќе го проценат патот на Украина кон членство во Унијата.
Украинскиот претседател, преку видеоврска, редовно се појавува на самитите на ЕУ од почетокот на руската инвазија во февруари.