Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот и земјите во развој, на самит преку интернет, ветија дека ќе сторат сè за да обезбедат еднаков пристап до вакцината против коронавирус.
„Нема да се откажеме од напорите да им обезбедиме еднаков пристап (вакцини, тестови и терапија) на сите“,
стои во завршната декларација на дводневниот виртуелен самит организиран од Саудиска Арабија.
Лидерите на Г-20 изјавија дека целосно ги поддржуваат механизмите воспоставени од Светската здравствена организација (СЗО) во борбата против епидемијата на коронавирус, што значи дека вакцината не е достапна само за најбогатите земји.
Во последната декларација, Г-20 вети дека ќе ја спроведе претходно донесената иницијатива за одложување на отплатата на долгот на сиромашните земји.
Лидерите сметаат дека трговијата е поважна од кога било за поддршка на мултилатерален систем за трговија и за обезбедување еднакви услови за сите.
Групата на 20 најразвиени земји во светот и земји во развој (Г-20) се состои од 19 земји и Европската Унија, вклучувајќи ги уште и Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија , Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија и САД.
