Учесниците на самитот на Обединетите нации за борба со климатските промени што изминатите денови се оддржуваше во Мадрид, заврши без суштински резултати, јавија светските агенции.
На денешната завршна сесија земјите учеснички ја подвлекоа „итната потреба“ за дејстување против глобалното затоплување, но не успејаа да постигнат согласност за суштествените прашања, меѓу кои справувањето со вонредните климатски ситуации, како и огромниот притисок од екоактивистите.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е разочаран од исходот и жали што е „пропуштена важна можност“, со оглед на тоа дека делегатите од околу 200 земји постигнаа само „минимален компромис“.
„Меѓународната заедница пропушти важна можност да покаже поголема амбиција во однос на намалувањето, адаптацијата и финансирањето на борбата против климатските промени“, се наведува во соопштението објавено по состанокот.
По две недели тешки преговори, на конференцијата во Мадрид не се постигна договор за правилата на меѓународните пазари на јаглероди, тема која беше зафатена во последниот дел од Парискиот договро за климата од 2015 година.