И покрај тврдењата на САД, податоците од службите за следење на поморскиот превоз анализирани од Би-би-си, покажуваат дека ефикасноста на американската поморска блокада на иранските пристаништа е под знак прашалник бидејќи најмалку четири брода поврзани со Иран денес поминале низ Ормускиот Теснец. Дополнително, уште три брода што не се поврзани со Иран поминале низ Теснецот од почетокот на блокадата
Централната команда на Соединетите Американски Држави тврди дека ниту еден брод не поминал низ поморската блокада на силите на САД насочена кон бродовите што пловат кон или од Иран во првите 24 часа од воведувањето на рестриктивната мерка.

„Во текот на првите 24 часа, ниту еден брод не ја помина блокадата на САД, а шест трговски брода ги послушаа упатствата од американските сили да се свртат и повторно да влезат во иранско пристаниште во Оманскиот Залив“,
соопштија од американската Централна команда во објава на Икс.
Оттаму посочија дека блокадата, која ја извршуваат над десетина воени бродови, десетици авиони и 10 000 војници, се спроведува против бродовите од сите земји што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги сите ирански пристаништа во Арапскиот Залив и Оманскиот Залив.
„Американските сили ја поддржуваат слободата на пловидба за бродовите што транзитираат низ Ормускиот Теснец до и од неиранските пристаништа“,
се додава во објавата на Централната команда.
More than 10,000 U.S. Sailors, Marines, and Airmen along with over a dozen warships and dozens of aircraft are executing the mission to blockade ships entering and departing Iranian ports. During the first 24 hours, no ships made it past the U.S. blockade and 6 merchant vessels… pic.twitter.com/dpWAAknzQp
— U.S. Central Command (@CENTCOM) April 14, 2026
И покрај тврдењата на САД, податоците од службите за следење на поморскиот превоз анализирани од Би-би-си, покажуваат дека ефикасноста на американската поморска блокада на иранските пристаништа останува под знак прашалник бидејќи најмалку четири брода поврзани со Иран денес поминале низ Ормускиот Теснец. Дополнително, уште три брода што не се поврзани со Иран поминале низ Теснецот од почетокот на блокадата.
