САД денеска се јавија со прва реакција по шпионската афера која беше објавена во Бугарија каде беа уапсени лица кои се сомничат дека шпионирале за Русија.
„Бугарија е пријателска земја, сојузник во НАТО и партнер. Ние внимателно ја следиме истрагата за обвинувањата за шпионажа во корист на Русија. САД силно го поддржуваат суверенитетот на Бугарија и стојат покрај Бугарите против овие злонамерни активности на нивна територија“,
напиша на Твитер портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.
Bulgaria is a friend, NATO Ally, and partner. We are attentively watching the Bulgarian investigation into an alleged Russian spy ring. The U.S. strongly supports Bulgaria’s sovereignty and stands with Bulgarians against these malign activities on their territory.
— Ned Price (@StateDeptSpox) March 19, 2021
Бугарското Обвинителството соопшти вчера дека се приведени сегашни и поранешни воени лица, како и жена со бугарско и руско државјанство кои биле дел од групата што шпионирала за Русија.
Портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева на вонредниот брифинг објави дека се уапсени шест лица, меѓу кои има вработени во Министерството за одбрана, а шеф на групата бил поранешен висок функционер на Воената разузнавачка служба со кодно име „Резидент“, кој завршил воено образование во Бугарија и странство, како и разузнавачко училиште во Москва, познато како ГРУ.
Истрагата се потпира на снимки од надзорните камери, од што е утврдено дека осомничените се состанувале со водачот на мрежата на јавни места, како на пример на тениски натпревари.
Руската амбасада вчера реагираше со соопштение на својата страница на Фејсбук, во кое се наведува дека има очигледни „непрекинати“ обиди да се вметне клин во руско-бугарскиот дијалог и уште еднаш да се демонизира руската страна.
Повеќе детали за случајот прочитајте на линкот во продолжение: