Иако Русија е дел од Групата 20, рускиот претседател Владимир Путин не учествуваше на самитите на Г20 од 2019 година, прво поради пандемијата со коронавирусот, а подоцна и поради инвазијата на Украина во 2022 година и потерницата издадена по Путин од МКС
Соединетите Американски Држави планираат да го поканат рускиот претседател Владимир Путин на самитот на лидерите на Групата 20 закажан за декември во голф-центарот „Дорал“ на претседателот Доналд Трамп во Мајами, објави „Вашингтон пост“ повикувајќи се на изјава на претставници на администрацијата на Трамп.

Иако Русија е дел од Групата 20, рускиот претседател Владимир Путин не учествуваше на самитите на Г20 од самитот во Осака во 2019 година, прво поради пандемијата со коронавирусот, а подоцна и поради инвазијата на Украина во 2022 година и потерницата издадена по Путин од Меѓународниот кривичен суд.
Руските власти потврдија дека Путин е поканет да учествува на декемврискиот самит на Г20 во САД, но сè уште не е јасно дали ќе присуствува лично или ќе биде испратена друга делегација.
„Русија учествуваше на секој самит на соодветно ниво“,
изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека одлуката за форматот на учеството на Москва ќе биде донесена како што се приближува самитот.
