Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска во неговото прво појавување во јавноста по повеќе од една недела, објави дека во рамки на дека неговата програма за одговор на пандемијата со коронавирусот „Операција Исправање на кривата“ до крајот на годината ќе има две вакцини и два лека што ќе бидат развиени од американски компании, нарекувајќи ја „неспоредлива со ниедна друга“ во однос на достигнувањата кога се работи за помош во развојот на вакцини и третмани за коронавирусот.

Тој рече дека милиони дози веќе од следниот месец ќе бидат достапни за сите ранливи групи Американци низ целата земја.
Првите луѓе на програмата дадоа оптимистички прогнози за развојот на вакцината на компанијата Фајзер, која на почетокот на оваа недела објави анализа за ефективност од 90%. Тие исто така ја споменаа и вакцината што ја развива Модерна, , како и два лека кои се пред крај.
Сепак, Трамп не се воздржа од политизација и на овој чекор, истакнувајќи дека вакцините ќе бидат достапни за сите освен за жителите на државата Њујорк, поради тоа што, како рече, тамошниот гувернер Ендру Куомо (демократ) изразил сомнеж за нејзината безбедност.
САД се приближуваат до поразителната прогноза од 200 000 заразени дневно
Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, САД во следните денови ќе ја надмине бројката од 11 милиони заразени, што е најбрзо темпо на пораст досега.

Ноември се смета за најцрн месец во однос на бројот на хоспитализации и смртни случаи од почетокот на пандемијата. Експертите предупредуваат дека најверојатно ситуацијата дополнително ќе се влоши, пред да почне опаѓањето на бројот на заразени.
Десетти ден по ред, САД објавуваат по повеќе од 100 000 нови заразени, со што вкупниот број на нови случаи од понеделникот до денес е 556 961. Рекордот беше постигнат во четвртокот со повеќе од 153 000 нови случаи, со што земјата е се поблиску до она што еден експерт предвидуваше како поразителна реалност – 200 000 случаи на ден.
Трамп: Порастот е резултат на многу тестирања – медиумите го демантираат
За време на прес-конференцијата попладнево, Трамп повторно сугерираше дека вака големиот број на заразени се резултат на повеќе тестирања.

„Ние тестираме многу повеќе од која било друга земја, па тоа покажува очигледно имаме и повеќе случаи“,
рече Трамп.
Но медиумите веднаш направија проверка на фактите при што утврдија дека е неточно тврдењето на Трамп дека зголеменото тестирање е причината зошто во САД има пораст на случаите со ковид, укажувајќи дека тој ова го кажувал и во кампањата летоска.
Според Проектот за следење на ковид, иницијатива што ги собира и анализира податоците за состојбата со коронавирусот, тестирањето оваа недела се зголемило за 13%, што според овој проект не е доволен за да се добие дури 41% зголемување на случаите. Бројот на хоспитализации и смртни случаи, исто така, се зголемува, што покажува дека зголемувањето на бројот на случаи не е резултат само на зголемување на бројот на тестирања.