Овој финансиски пакет, велат од Министерството за одбрана, е доказ за силните врски помеѓу Северна Македонија и САД
САД ќе дадат дополнителни 31 милион долари финансиска поддршка за модернизација и опремување на Армијата на Северна Македонија, соопшти Министерството за одбрана.
„Овој финансиски пакет следува по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО“,
информираа од Министерството за одбрана.
Оттаму потсетуваат дека од почетокот на соработката во одбраната помеѓу двете држави, САД го поддржале развојот на одбраната и Армијата со 160 милиони долари.
Само во последната година, Северна Македонија добила дополнителни 137 милиони долари американска поддршка.
Фото: МИА