Јеменските хути вчера соопштија дека нема да ги намалат нападите врз израелските бродови во Црвеното Море, и покрај воениот притисок од САД и апелите на сојузниците како Иран
Најмалку десет американски напади се извршени врз цели во Јемен, вклучително и во провинциите Саада и Ходеида, објавија утрово јеменските хути.
Соединетите Американски Држави (САД) извршија серија напади во областите под контрола на хутите, кои минатата недела објавија дека продолжуваат со нападите врз поморскиот сообраќај во Црвеното Море како поддршка на Палестинците во Газа, пренесува Ројтерс.

Хутите открија непријателски воени движења во Црвеното Море, кои подготвуваа голем воздушен напад врз Јемен, изјави воениот портпарол на хутите, Јахја Сареа.
Тој, без да обезбеди докази, рече дека хутите го погодиле носачот на авиони „Хари С. Труман“ и други воени бродови со проектили и беспилотни летала, спречувајќи американски напад.
Јеменската група хути вчера соопшти дека нема да ги намали нападите врз израелските бродови во Црвеното Море, и покрај воениот притисок од САД и апелите на сојузниците како Иран.
Јеменскиот министер за надворешни работи на хутите, Џамал Амер, како што пренесува Ројтерс, рече дека нема да има прекин на операциите додека не се стави крај на блокадата на хуманитарната помош за Газа.