Парламентот на Република Српска(РС) минатата недела ги поддржа предлозите за повлекување на согласноста на тој ентитет за голем број важечки закони во БиХ, што опозицијата ги бојкотираше, предупредувајќи дека тоа доведува до нови конфликти и евентуално војна
Специјалниот советник на американскиот државен секретар Дерек Шоле, во телефонски разговор со српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, му соопштил дека се неприфатливи чекорите на владејачката коалиција во Република Српска кои се насочени кон поткопување на институциите на БиХ.
Шоле на Твитер објави дека „за корупција и за антидејтонски акции следат последици“.
„Мора да има враќање на дијалогот во институциите на БиХ“, нагласи Шоле.
За време на неговата неодамнешна посета на БиХ, Шоле оцени дека повлекувањето на РС од институциите на државно ниво ќе доведе до економски ќорсокак, ќе го ослабне и загрози владеењето на правото.
Парламентот на Република Српска(РС) минатата недела ги поддржа предлозите за повлекување на согласноста на тој ентитет за голем број важечки закони во БиХ, што опозицијата ги бојкотираше, предупредувајќи дека тоа доведува до нови конфликти и евентуално војна.
За заклучоците со кои Националното собрание на РС го повлекува одобрувањето на законите што ја регулираат одбраната и безбедноста, системот на индиректно оданочување и формирањето на високи судски и обвинителски совет гласаа 49 од 83 пратеници.
Заклучоците кои всушност немаат директно правно дејство беа предложени и осмислени од членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.