Триесет минути откако го зеле лекот што се купува без рецепт, кај нив се појавиле несакани ефекти
Маж на околу 60 години почина, а неговата сопруга е во критична состојба откако земале антималариски лек без рецепт за лекување од ковид-19, соопшти американската здравствена компанија „Банер хелт“ (Banner Health), пренесе Си-ен -ен.
Брачната двојка од Аризона зела хлорокин фосфат, состојка што често се користи за чистење на аквариуми, и во рок од 30 минути кај нив се појавиле несакани ефекти, се посочува во соопштението.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека антималариските лекови потенцијално можат „да направат големи промени“ во борбата со новиот коронавирус и дека лекот се препорачува во Њујорк и на други места. Пред три дена тој изјави дека овие лекови можат „веднаш“ за се користат заедно хидроксихлорокин и азитромицин.