Едрене како трговски центар има континуирана растечка индустрија и отворањето на почесниот конзулат токму во овој град, сметаат од МНР, дополнително ќе ги зајакне, трговските, културните и туристички врски на овој регион со нашата земја
Северна Македонија од утре ќе има почесен конзулат во регионот на Едрене, Турција.
На отворањето ќе присуствува шефот на дипломатијата, Бујар Османи, и ова ќе прв почесен конзулат во овој турски регион.
Градот Едрене како трговски центар има континуирана растечка индустрија и отворањето на почесниот конзулат токму во овој град, сметаат од МНР, дополнително ќе ги зајакне, трговските, културните и туристички врски меѓу Северна Македонија и овој регион на Турција.
Министерот Османи, покрај на отворањето ќе остави и неколку средби, како што најавија од неговиот кабинет, со валијата на Едрене, Хусејин Куршат Кирбијик, како и со бројни наши студенти кои студираат во Универзитетот Тракија во овој град.