На скала од 0 до 100 поени – каде што 0 означуваат неслободна, а 100 поени слободна земја, С Македонија е бодувана со 67 поени во 2023 година, со што добива квалификација на делумно слободна земја. Со оваа оценка, земјава останува во категоријата делумно слободни земји во друштво на повеќето балкански држави – Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и Унгарија, Украина и Молдавија
Делумно слободна – вака е оценета Северна Македонија во 2023 година според најновиот годишен извештај „Слобода во светот“ во кој организацијата „Фридом хаус“ го оценува пристапот на луѓето до политичките и граѓанските права и слободи, почнувајќи од правото на глас до слобода на изразување и еднаквост пред законот.
Со оваа оценка, земјава останува во категоријата делумно слободни земји во друштво на повеќето балкански држави – Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и Унгарија, Украина и Молдавија.

На скала од 0 до 100 поени – каде што 0 означуваат неслободна, а 100 поени слободна земја, С Македонија е бодувана со 67 поени во 2023 година, со што добива квалификација на делумно слободна земја. Извештајот на „Фридом хаус“ за земјава покажува пад за еден поен минатата година во однос на 2022 година кога статусот на слобода во С Македонија беше оценет со 68 поени, но и натаму во категоријата делумно слободна земја.

на „Фридом хаус“
Во однос на земјите од регионот, најголем пад во поените според кои се прави рангирањето на „Слобода во светот“ има соседна Србија со 57 поени во 2023 година во однос на 2022 година кога била оценета со 60 поени. Кај Србија е нотирано и најголемото намалување на бодовите во последните десет години, односно пад за 21 поен, како и кај Босна и Херцеговина, каде што е забележан пад за 10 поени во однос на рангирањето на „Фридом хаус“.

Според извештајот на „Фридом хаус“, глобалната слобода продолжила да се влошува и во 2023 година, што е тренд кој трае 18 години по ред. Се додава оти политичките права и граѓанските слободи минатата година се намалени во 52 земји, додека во 21 држава се направени подобрувања.
Како причина за ваквиот опаѓачки тренд на слободата во земјите ширум светот, од организацијата ги наведуваат нерегуларностите при изборните процеси, вооружените конфликти и заканите за авторитарна агресија, негирањето на политичките права и граѓанските слободи, како и нападот на плурализмот.