Ректорот на софискиот универзитет, кој се очекува да ја добие поддршката на ГЕРБ на претстојните избори во Бугарија, во емисија на БТВ ги коментираше односите Скопје – Софија
Кандидатот за претседател на претстојните избори во Бугарија, професорот Атанас Герџиков, во емисијата „Лице в лице“ на Бугарската телевизија (БТВ) ги коментираше односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Како што јави МИА од Софија, Герџиков порачал оти сакаат интеграција на сите земји на Западен Балкан, вклучително и на Република Северна Македонија, во Европската Унија.
Според професорот, мора да се исполнат обврските од Договорот за соседство и соработка.
„Додека овие обврски не бидат прифатени, Бугарија не треба да подлегне на каков било притисок“,
изјави тој.