Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел
Руски сили рано утринава ја нападнале инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумската куќа Суспилна објави дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.
„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“,
напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхи Лисак.
Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм објавија за употребените проектили и експлозиите во областа. Се наведува и дека е прекинато снабдувањето со струја и вода.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од таа област. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.
Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.
Руските сили извршија големи напади врз објекти на енергетската инфраструктура во последниве недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година, пренесува Ројтерс.