Рускиот новинар и уредник на еден од малкуте преостанати либерални медиуми во Русија, „Новаја газета“, пријавил оти бил полеан со црвена боја додека патувал во воз од страна на непознато лице. Инаку, весникот каде што Муратов е уредник беше принуден да ја суспендира работата на медиумот додека не заврши „специјалната воена операција“ која Русија ја води во Украина
Рускиот новинар и уредник, добитник на Нобелова награда за мир, Дмитриј Муратов, пријавил оти бил испрскан со црвена боја додека патувал со воз од Москва за Самара, пренесе Би-би-си.
Инцидентот се случил кога непознато лице влегло во купето за спиење каде што се наоѓал Муратов, му рекло „Муратов, ова е за нашите момчиња“ и го испрскало со боја.
Рускиот либерален весник „Новаја газета“, каде што Муратов е главен уредник, објави фотографии од него на кои се гледа неговото лице, горниот дел од телото и рацете полиени со црвена боја.
❗️ An unknown person attacked Dmitry Muratov, editor-in-chief of Novaya Gazeta and Nobel Peace Prize laureate, right in the train carriage
— Novaya Gazeta. Europe (@novayagazeta_eu) April 7, 2022
“They poured oil paint with acetone in the compartment. My eyes are burning terribly. <…> He shouted: “Muratov, here’s one for our boys”. https://t.co/y37skERIyC
„Очите ми горат ужасно“,
рекол уредникот на рускиот либерален весник „Новаја газета“, кој ја прекина својата работа по предупредувањето од Москва за критичкото известување во врска со руско-украинскиот конфликт.
Еден од последните преостанати либерални медиуми во Русија, „Новаја Газета“, е познат по тоа што е силно критичен кон руските власти, а минатиот месец објави оти ќе ги суспендира своите активности до крајот на руската „специјална воена операција“ во Украина.
Неколку недели претходно, и уредникот на независната радиостаница „Ехо Москва“, која руските власти ја отстранија од етерот неколку дена по почетокот на војната, пронашол свинска глава пред неговиот стан и антисемитски слоган залепен на вратата.