Опозиционерите Алексеј Навални и Алексеј Горинов се со влошена здравствена состојба, потенцираат руски лекари
Претседателот на Русија, Владимир Путин, доби отворено писмо од руски лекари кои бараат да му се укаже медицински третман на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој се разболи во затвор, јави ДПА.
Писмото е потпишано од повеќе од 100 руски лекари. Во него се наведува дека одбивањето да се обезбеди лекување на Навални го прекршува рускиот Устав.
Навални подолго време боледува откако го преживеа обидот за убиство во Сибир во 2020 година. Тогаш Кремљ ги отфрли обвинувањата дека стои зад обидот, а сега тврди дека Навални ги ужива истите права како и секој друг затвореник.

Некои медиуми веќе објавија дека драстично е влошено и здравјето на политичарот Алексеј Горинов од Москва, кој беше првиот што се спротивстави на војната против Украина и беше осуден за дискредитација на руската војска. Горинов во 2002 година беше осуден на седум години затвор откако на седница на московскиот парламент повика на минута молчење за „жртвите на воената агресија во Украина“.

Тој се соочува со нови обвиненија за „оправдување тероризам“ бидејќи разговарал со други затвореници за војната. Според неговите адвокати, опозиционерот боледува од акутен бронхитис, а му бил забранет третман.