Напливот на руски ракетни напади во Украина е делумно дизајниран да ги исцрпи резервите на Киев со воздушна одбрана и да постигне доминација на небото, изјави во саботата висок претставник на Пентагон
Руските сили вчера извршиле речиси 400 напади на истокот на Украина како дел од артилериската кампања, рече синоќа во своето ноќно обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Најжестоките битки, како и досега, се во регионот Донецк. Иако денеска има помалку напади поради влошување на времето, бројот на руски гранатирања, за жал, останува исклучително висок. Регионот Луганск – малку по малку одиме напред со битки. Досега има речиси 400 гранатирања на истокот од почетокот на денот“,
рече Зеленски.
Русија, како што пренесува Гардијан, ги премести војниците за да ги зајакне позициите во источните региони Донецк и Луганск, а по повлекувањето од јужниот град Херсон.
Осврнувајќи се на украинските позиции на југ, Зеленски рече дека силите на Киев „ја држат линијата, постојано и многу пресметано, уништувајќи го потенцијалот на окупаторите“.
Напливот на руски ракетни напади во Украина е делумно дизајниран да ги исцрпи резервите на Киев со воздушна одбрана и да постигне доминација на небото, изјави во саботата висок претставник на Пентагон.
Во текот на ноќта, како што јавуваат украинските медиуми, цел на руското гранатирање бил градот Никопол во јужна Украина.
Според гувернерот Валентин Резниченко во гранатирањето наводно била погодена станбена зона, при што е повреден 78-годишен маж, јавува „Киев индепендент“.
Another night Russian attack on the Dnipropetrovsk region. 60 shells from Grad rocket launchers and heavy artillery. A 78-year-old man was injured. pic.twitter.com/KiXL3lOnuT
— NEXTA (@nexta_tv) November 21, 2022