Како што изјавил портпаролот на украинските воздушни сили Јуриј Игнат, украинската армија соборила четири руски проектили во нападите кои почнале утрово во седум часот по локално време
Украинците утринава се вратиле во подземните засолништа откако околу осум часот низ целата земја се огласиле сирени за воздушни напади кои предупредуваа за можни напади. Државната служба за итни случаи испратила поракина мобилните телефони на граѓаните во земјата со предупредување дека „постои голема веројатност за ракетни напади врз Украина денеска“
Според најновите податоци на украинските власти во вчерашните напади загинале најмалку 19 лица, а повеќе од 105 се ранети
Едно лице загина во новиот руски ракетен напад врз регионот Запорожје, каде, како што пренесува Би-би-си повикувајќи се на локалните власти и службите за спасување, утринава од руска страна биле истрелани 12 проектили кои погодиле јавни објекти.
Според локалните власти две ракети погодиле автосалон, при што загинало едно лице, додека другите ракети погодиле една образовна и една медицинска установа.

Како што изјавил портпаролот на украинските воздушни сили Јуриј Игнат, украинската армија соборила четири руски проектили во нападите кои почнале утрово во седум часот по локално време.
Игнат, како што објави новинската агенција Интерфакс – Украина, додал дека украинската армија користела авијација и преносливи системи за противвоздушна одбрана за да ги соборат проектилите
Два од проектилите биле уништени над главниот град на земјата, објави на Телеграм шефот на регионалната воена управа на Киев, Олексеј Кулеба.
Украинците утринава се вратиле во подземните засолништа откако околу осум часот низ целата земја се огласиле сирени за воздушни напади кои предупредуваа за можни напади.
Државната служба за итни случаи испратила пораки на мобилните телефони на граѓаните во земјата со предупредување дека „постои голема веројатност за ракетни напади врз Украина денеска“
„Останете во засолништата за своја безбедност. Не ги игнорирајте предупредувањата за воздушен напад“,
било дел од содржината на пораките од службата за итни случаи.
Вчера во еден од најжестоките руски напади врз Украина беа истрелани вкупно 75 проектили врз повеќе украински градови, меѓу кои и главниот град Киев.
Според најновите податоци на украинските власти во вчерашните напади загинале најмалку 19 лица, а повеќе од 105 се ранети. По нападите, во кои цел беа и електраните, без струја останале и сèуште се околу 300 места во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги потврди нападите врз Киев и други украински градови и провинции изнесувајќи уште едно предупредување за можни напади.
Западните земји и меѓународните институции ги осудија нападите, кои претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ги оцени како воени злосторства.
Ракетните напади врз Украина вчера и денеска се толкуваат како одмазда на Кремљ за нападот на мостот Керч, кој ги поврзува Русија и Крим, каде што викендов експлодираше камион кој оштети дел од мостот, кој беше отворен од рускиот претседател, Путин во 2018 година четири години по анексијата на полуостровот и важи за еден од „симболите на руската моќ“.
Водачите на групата развиени земји Г7 денеска треба да одржи состанок, а премиерката на Велика Британија, Лиз Трас, како што пренесува Би-би-си се очекува да ги повика своите колеги „да останат на курсот“ и да продолжат со поддршката за Украина.
Се очекува на состанокот на Г7 преку видео-врска да биде вклучен и украинскиот претседател Володимир Зеленски.