Русија го забави Твитер на 10 март поради одбивањето да избрише одредена содржина, а Роскомнадзор се закани дека целосно ќе ја блокира социјалната мрежа доколку администрацијата не започне да го почитува законот
Руската служба за следење на комуникациите, медиумите и информатичката технологија (Роскомнадзор) може да го забави сообраќајот за платформите Фејсбук и Јутјуб, како што тоа го стори со Твитер, доколку не преземат мерки за отстранување на забранетата содржина во земјата.
Русија го забави Твитер на 10 март поради одбивањето да избрише одредена содржина, а Роскомнадзор се закани дека целосно ќе ја блокира социјалната мрежа доколку администрацијата не започне да го почитува законот.
„Сега се откриени случаи на објавување нелегални материјали на други интернет платформи, вклучувајќи ги Фејсбук и Јутјуб. Во случај споменатите платформи да не преземат соодветни мерки, слични санкции може да се применат и за нив“,
се наведува во соопштението на Роскомнадзор.
Во исто време, одделот објави дека по проверката, одлучил да не го блокира Твитер, но дека забавувањето на сообраќајот на мобилните уреди ќе остане во сила сè додека услугата целосно не ја блокира забранета содржина.
Управата на Твитер испрати писмо до Роскомнадзор во кое потврди дека целосно ги поддржува активностите на одделот во борбата против социјално опасната содржина и дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за нејзино отстранување.
Според Роскомнадзор, таа социјална мрежа веќе отстранила 91% од материјалите што содржат нелегални информации.
Од Твитер беше побарано да блокира 5 900 материјали со детска порнографија, содржина поврзана со самоубиство и наркотици, повици за учество во неовластени активности, како и екстремистички и други забранети материјали. Според надлежните има 563 објави кои се уште не се отстранети.