Според државната новинска агенција во Русија „РИА новости“, руското министерство тврди и дека биле елиминирани 200 припадници на специјалните единици на Украина, додека немало загуби на руската страна. Би-би-си, кој ја пренесува оваа информација, наведува и дека таа не е потврдена и дека сè уште нема информација од украинската војска
Руското Министерство за одбрана објави дека нивните сили ја презеле контролата врз клучниот аеродром во близина на Киев познат како „Антонов“, пренесе руската новинска агенција „Интерфакс“.
Во објавата се наведува дека за окупацијата на аеродромот биле употребени 200 руски хеликоптери. Исто така, се наведува и дека Киев е блокиран од западната страна.
Според државната новинска агенција во Русија „РИА Новости“, руското министерство тврди и дека биле елиминирани 200 припадници на специјалните единици на Украина, додека немало загуби на руската страна.
Би-би-си, кој ја пренесува оваа информација, наведува и дека таа не е потврдена и дека сè уште нема информација од украинската војска.
За аеродромот „Антонов“, кој е оддалечен 25 километри од центарот на Киев, уште вчера беше објавена информација руските сили успеале да го заземат. Но, во текот на ноќта украинските сили, пак, објавија дека успеале да ја вратат контролата над аеродромот.
Photo: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO