МСП вчера пресуди Русија веднаш да ги прекине своите воени операции во Украина
Кремљ ја отфрли одлуката на Меѓународниот суд на правдата (МСП), највисокиот суд на ОН, кој ѝ наложи на Русија веднаш да ги прекине своите воени операции во Украина.
„Не можеме да ја земеме предвид таа одлука“,
изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека треба двете страни, Русија и Украина, да се договорат за спроведување на таа одлука и во овој случај, според него, не може да се постигне договор.
МСП вчера пресуди Русија веднаш да ги прекине своите воени операции во Украина.
„Русија мора веднаш да ги прекине воените операции што започнаа на 24 февруари 2022 година на територијата на Украина“,
изјави Џоан Донохју, судија која претседава со МСП со седиште во Хаг.
Одлуката на Судот е дел од итната постапка што беше поведена неколку дена по почетокот на руската инвазија на Украина. Украина побара од Врховниот суд на ОН да ѝ наложи на Москва веднаш да ја запре инвазијата додека не се донесе пресуда за заднината на конфликтот меѓу двете земји, а таа процедура може да трае со години.
Пресудите на МСП се обврзувачки и не можат да се обжалат, но тој суд нема начин или средства да ги убеди земјите да ги извршат тие пресуди.