Шефот на комитетот на Думата за меѓународни работи и член на руската делегација Леонид Слуцки вечерва изјави дека набрзо ќе продолжат преговорите помеѓу Русија и Украина.
„Преговорите навистина набрзо ќе продолжат. Да немаме илузии дека на следниот чекор ќе имаме конечен резултат. Тоа ќе биде целосно напорна и доследна работа“,
истакна Слуцки.
Тој додаде дека „консултациите нема да бидат лесни“ и не очекува Украина целосно да се придржува до договореното.
„Не се надеваме дека нашите колеги веднаш ќе заземат став близок до нашиот и дека потоа целосно ќе го исполнат договорот“,
наведе Слуцки.
Денеска заврши и третата рунда преговори, а двете страни информираа дека е постигнат „мал напредок“ во однос на договорот постигнат на претходните преговори за хуманитарните коридори.