Според изворите кои ги цитира Ројтерс, официјални лица од САД и Русија во последните три недели разговарале за условите за време на лични и виртуелни средби. Според нив, барањата на Кремљ се опсежни и во голема мера ги отсликуваат условите кои Москва од претходно ги насочува кон Украина, САД и НАТО
Москва им доставила на САД список со барања за потенцијален договор за ставање крај на војната во Украина, како и за обновување на односите со Вашингтон, објави агенцијата Ројтерс, цитирајќи запознаени извори.

Според изворите кои ги цитира Ројтерс, официјални лица од САД и Русија во последните три недели разговарале за условите за време на лични и виртуелни средби. Според нив, барањата на Кремљ се опсежни и во голема мера ги отсликуваат условите кои Москва од претходно ги насочува кон Украина, САД и НАТО.
Условите кои претходно ги претстави Москва вклучуваа Украина да не се приклучи во НАТО, да не се распоредуваат странски војници во Украина, како и на меѓународно ниво да се признае тврдењето на претседателот Владимир Путин дека Крим и четири провинции ѝ припаѓаат на Русија. Русија во последниве години бараше од САД и НАТО да ги решат, како што ги нарече, основните причини на војната, вклучително и проширувањето на НАТО кон исток.
Засега не е јасно што точно вклучила Москва на својата листа на барања, ниту дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред барањата да бидат прифатени. Посветеноста на Путин за потенцијален договор за прекин на огнот сè уште е неизвесна.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Москва со санкции доколку не се согласи на 30-дневниот прекин на огнот во војната со Украина.