Патниците што влегуваат во Русија од 15 јули повеќе нема да мора да одат во 14-дневна изолација, одлучи руската Федерална служба за здравствена заштита.
Странските државјани што доаѓаат во Русија ќе мора да имаат негативен тест за коронавирус или да се тестираат во рок од три дена по влегувањето во земјата.
За руските граѓани исто така важи обврската да се тестираат во рок од три дена од пристигнувањето во земјата.
Работодавачите се обврзани да ги известат вработените за задолжителното тестирање и да проверат дали ја исполниле таа обврска.