Од Москва исто така потенцираа дека имаат право да ги распоредуваат војниците на своја територија, но тоа не значи дека планираат напад

Откако американските медиуми објавија дека постои опасност од потенцијален напад на Русија врз Украина, набргу од Москва ги демантираа овие информации.
„Вашингтон Пост“ порано денеска повикувајќи се на официјални лица и разузнавачки документ, извести дека американските разузнавачи веруваат дека Русија потенцијално планира офанзива врз Украина, можеби веќе следната година, во која ќе бидат вклучени до 175 000 војници.
Русија пак набргу ја демантираше информацијата, иницирајќи дека токму САД подготвуваат влошување на односите со Украина.
„САД спроведуваат специјална операција за влошување на ситуацијата во врска со Украина и ја префрлаат одговорноста на Русија“,
изјави портпаролката на Руското МНР Марија Захаров.
Од Москва исто така потенцираа дека имаат право да ги распоредуваат војниците на своја територија, но тоа не значи дека планираат да ја нападнат Украина во наредниот период.
Американскиот претседател пак Џо Бајден, во петокот изјави дека развива обемни иницијативи за да му ја отежне инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин во Украина и дека нема да ги прифати „црвените линии“ на Москва.