Бугарските медиуми пишуваат оти изборот на Желјазков за претседател на бугарскиот парламент бил очекуван откако коалицијата ГЕРБ-СДС и коалицијата Продолжуваме со промените (ПП) – Демократска Бугарија (ДБ) вчера постигнале договор за заедничка законодавна програма, како и изборот на претседателот на Народното собрание и правната комисија да биде врз основа на ротациски принцип
Бугарските пратеници го избраа Росен Желјазков од ГЕРБ за претседател на 49. Народно собрание на Бугарија.
Кандидатурата на Желјазков е номинирана од коалицијата ГЕРБ-СДС, а беше поддржана со 136 гласа „за“, 94 „воздржани“ и ниту еден „против“.

Бугарските медиуми пишуваат оти изборот на Желјазков за претседател на бугарскиот парламент бил очекуван откако коалицијата ГЕРБ-СДС и коалицијатаПродолжуваме со промените (ПП) – Демократска Бугарија (ДБ) вчера постигнале договор тој да раководи со парламентот во период од три месеци, а претседателот на правната комисија да биде предводена од ПП-ДБ.
Овие две коалиции, кои освоија најмногу гласови на парламентарни избори на 2 април, договориле заедничка законодавна програма, како и изборот на претседателот на Народното собрание и правната комисија да биде врз основа на ротациски принцип.
Пред да ја изгласаат кандидатурата на Росен Желјазков, бугарските пратеници ја одбија кандидатурата на Преродба за назначување на Петар Петров на чело на парламентот.