Цените на репроматеријалите биле зголемени за 90 отсто, рече министерот, а зголемувањето на износот што граѓаните сега го плаќаат за да извадат нови лични документи, според него, не е големо
Владата во март годинава донесе одлука со која поскапеа услугите за вадење лични документи. Така, замена на лична карта чини 310 денари, наместо 190 денари колку што изнесуваше услугата претходно. Лицата над 27 години за замена на пасош сега плаќаат 2 000 денари во редовна процедура, наместо претходните 1 500 денари, а за нова возачка дозвола се потребни 410 денари, наспроти 280 денари колку што чинеше претходно
Почетокот на 2024 година е рокот во кој граѓаните, во чии лични документи го нема новото уставно име на државата – Република Северна Македонија, ќе треба да ги заменат со нови, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Министерот, кој денеска ја промовираше услугата за вадење државјанство во електронска форма, одговарајќи на новинарски прашања, го оправда зголемувањето на цените за услугата за вадење нови лични документи со порастот на цените на репроматеријалите за нивна изработка.
Цените на репроматеријалите биле зголемени за 90 отсто, рече министерот, а зголемувањето на износот што граѓаните сега го плаќаат за да извадат нови лични документи, според него, не е големо.
„Во однос на рокот значи следната година – 2024 година е рокот во кој треба да бидат заменети личните документи бидејќи дадовме рок при примената на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за јазиците. Во однос на зголемувањето на цените, ние објаснивме дека набавните цени за репроматеријалите се зголемени за 90 проценти и затоа направивме зголемување кое не е големо имајќи предвид дека утврдиме два вида на цени. Оние што ги менуваат пасошите на 5 години, значи лицата до 27 години, имаат иста цена на услуги, додека за остатокот имајќи предвид дека важењето на документот е 10 години цената е зголемена незначително“,
изјави Спасовски.
Владата во март годинава донесе одлука со која поскапеа услугите за вадење на лични документи. Така, замена на лична карта чини 310 денари, наместо 190 денари колку што изнесуваше услугата претходно. Лицата над 27 години за замена на пасош сега плаќаат 2 000 денари во редовна процедура, наместо претходните 1 500 денари, а за нова возачка дозвола се потребни 410 денари, наспроти 280 денари колку што чинеше претходно.
Вкупно, смената на овие три документи за еден човек ќе чини 2 720 денари, а кога ќе се додадат и административните такси, сумата се искачува на околу 3 000 денари, објави „360 степени“ во прилог кон крајот на март.
Дополнително, како што веќе најави Министерството за надворешни работи, ќе треба да се менуваат и регистарските таблички со нова ознака NMK.
Вкупниот трошок за промена на две таблички при регистрација на возило е 1 510 денари. Табличките чинат 1 200 денари, а со тоа мора да се промени и сообраќајната дозвола што чини 200 денари и административна такса од 110 денари.
Опција, која пред извесно време ја најави и министерот Спасовски, а треба да го намали трошокот за смена на регистарските таблички, е наместо нивна замена со нови на старите да се стави налепница со кодот NMK врз сегашниот МК. Конечен став од надлежните околу ова прашање сè уште нема.