Според првичните информации, родилката прво била донесена во болницата во Штип каде што, поради итноста на случајот, лекарите ја внеле во сала и го извршиле породувањето, но потоа заедно со новороденчето била пренесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починала
Родилка од Делчево почина на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пренесе МИА.

Според првичните информации, родилката прво била донесена во болницата во Штип каде што, поради итноста на случајот, лекарите ја внеле во сала и го извршиле породувањето. Кај жената настапило обилно крвавење, по што веднаш се интервенирало од страна на лекарите. Мајката и новороденчето веднаш потоа биле пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што родилката починала.
Од болницата во Штип најавија повеќе информации за случајот во текот на утрешниот ден.