Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за утре закажа вонредна седница на која ќе бидат донесени соодветни одлуки поврзани со мазутот. Како што соопштуваат од РКЕ, во тек е подготвителен состанок за состојбата со мазутот, на кој утринава присуствуваа и претставници од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
„На состанокот се договори ДПИ да достави дополнителни документи за да може Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да има целосен пресек на состојбата во однос на мазутот. Во моментов на подготвителниот состанок комесарите детално ги анализираат сите наоди од редовните и вонредни контроли на терен и се прегледуваат сублимираните извештаи од секторот мониторингот, истраги и прекршоци“,
велат од РКЕ.
До денеска беше рокот за надлежните институции да доставата до Владата дополнителни информации и наоди во врска со увозот на мазут и неговиот квалитет.
