Посочи дека не постои никаква поврзаност меѓу сопственикот на бензинската пумпа и менаџерската структура на дискотеката
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 59 млади лица, имало резервоар за нафта, но тој бил празен.
„Точно е дека во близина постоела нешто како бензинска пумпа и одреден резервоар вкопан во земја, кој според првичните информации е празен и не бил во допир со настанатиот пожар во дискотеката“,
рече Тошковски.

Посочи дека не постои никаква поврзаност меѓу сопственикот на бензинската пумпа и менаџерската структура на дискотеката.
Претходно од Противпожарната бригада на Кочани за МИА потврдија дека во близина на дискотеката има резервоар за нафта, но дека тој бил на друг објект.
Информацијата ја потврдија и од Обвинителството.
Веста за резервоарот за нафта кој се наоѓа во близина на дискотеката во Кочани првично ја објави српски „Информер“, повикувајќи се на изјави на очевидци кои тврдат дека станува збор за наводно нелегално закопана цистерна со 10 тони нафта која била во сопственост на газдата на дискотеката.
Порталот објави и видео од резервоарот и изјави од локалните жители.