Седумдесет и осумгодишниот П.А. од Ресен во текот на вчерашниот ден при активности во свој двор паднал од скала и бил тешко повреден. Неговиот син С.С. го пријавил случајот, а повредениот бил префрлен во болницата во Ресен кадешто од страна на лекар била констатирана смрт.
Како што информира полиицјата, нивни службеници излегле на местото на настанот и од извршениот разговор со сопругата на починатиот било утврдено дека П.А., додека извршувал активности во дворот од викенд куќата во туристичката населба Претор, каде што престојувале заедно, паднал по скалите во дворот и се повредил.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.