Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски вели дека обвинението кое денеска против неа го поднесе Обвинителството за организиран криминал има за цел нејзина политичка елиминација. Таа вели дека постапка е смешна и тврди дека ќе ја докаже својата невиност.
„Одлуката на обвинителството е избрзана. Конструкции без докази можат да резултираат со обвинение. Во оваа смешна постапка ќе се види дека реално нема докази за ова за кое што обвинителството ме сомничи. Факт е дека порачките за политички елиминации се уште постојат и овој ден не е случајно избран. Овој процес може да докаже само еден голем апсурд“,
рече Фросина Ременски.
Таа посочи дека доброволно се откажала од партискиот ангажман и не учествува во никакви партиски активности.
„Очигледно дека тоа им беше и целта“, изјави Ременски.
*ПОВРЗАНО: Боки 13 обвинет за измама и перење пари за невладината, Ременски дека му помагала во измамата