Во дебата на „360 Степени“, тема беа годишните извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија објавени неделава. Поранешниот амбасадор на Македонија во ЕУ, Блерим Река, зборуваше за понатамошните преговори со Грција за влез во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ.
– Самиот факт на драматична промена на ставот на ЕУ кон Македонија за помалку од оваа влада, сака да охрабри или да даде „ветер зад грб“ на новата влада за да ја охрабри за што побрзо решавање на проблемот со името со Грција. Не е случајно што препораката се дава само два месеци по Самиотот на Советот на Европа и на само три месеци од Самитот на НАТО. Но, се плашам дека Грција прашањето со името го зема како изговор и се плашам дека Грција игра поширока геостратешка игра за интересите на некоја друга велесила со цел да ја блокира Македонија да влезе во НАТО. Ако оваа влада до сега за помалку од една година покажа нова надворешна политика, дух на соработка, дух на затворање на спорните работи со соседите, со Бугарија склучи договор за добрососедство, со Грција направи конкретни чекори со што ги промени имињата на аеродромот, имињата на патиштата, остранувањето на спомениците и така натаму, покажа дека е подготвена дека сака да продолжи во процесот на интеграција, додека изјавата на министерот за надворешни работи на Грција, Коѕијас пред два дена беше изнанадувачка, да не речам заканувачка кога рече дека нема да има интеграција ако не се решат овие, овие и овие работи. За волја на вистината, тој се фокусираше во процедурален аспект, референдум, уставни измени и така натаму, но се сомневам дека тука има длабока цел, а ова е целта на министер за надворешни работи на една велесила пред два месеци кој рече дека некои моќни земји ја туркаат Македонија да го реши спорот со името со Грција за да ја зачленат во Македонија. Завршен цитат, не кажувам кој го рекол ова бидејќи верувам знаете – рече Река.
Напишете коментар